Забава Избор

Концерт „Легендите живеат вечно“ во чест на музичарите кои прерано заминаа

Скопје, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Легендите живеат вечно“, во сабота, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на музичарите кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе.

Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот Оркестар.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да бидат заборавени и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ и многу други.

Огромно е музичкото наследство на нашата прекрасна Македонија и токму поради тоа мора да го негуваме, чуваме и секако да не ги забораваме најсјајните ѕвезди на нашето небо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука