Забава Избор

Песните создадени со помош на вештачка интелигенција нема да бидат забранети на Spotify

Охрид, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот директор на Spotify, Daniel Ek, потврди во интервју за BBC дека песните создадени со помош на вештачка интелигенција нема да бидат забранети на оваа стриминг платформа.

Одлуката уследи по неодамнешните дебати за фер употреба на музика генерирана од вештачка интелигенција, особено по популарноста на „песната“ на The Weeknd и Дрејк „Heart On My Sleeve“, која собра милиони стримови по нејзиното објавување.

– Овие проблеми ќе продолжат уште „многу години“, но ние нема да правиме напори да се забрани музиката направена со вештачка интелигенција. Во историјата на Spotify, многу луѓе се обидуваа да го играат нашиот систем. Имаме голем тим кој работи токму на вакви проблеми, истакна Ek.

Претходно оваа година, Financial Times објави дека Spotify отстрани илјадници песни генерирани со вештачка интелигенција. Тука бевме кога музиката се слушаше на касети, ленти, плочи, Цд-а и се’ останато. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука