Забава Избор

Нокаут го промовираа четвртиот албум „Што бараш ти во моја песна“

Охрид, 23. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Нокаут го промовираа четвртиот албум „Што бараш ти во моја песна“ со 14 песни кое претходно беа промовирани како синглови.

Албумот има свое CD и винилно издание и претставува вистина ретроспектива на се’ она што собраа како музичко искуство членовите на бендот изминатите 25 години, колку што постојат.

Освен фронтменот Никола Перевски- Пере автори на слбумот се и Игор Џамабзов, Дарко Димитров, Игор Атанасовски- Харе, Огнен Неделковски, Роберт Билбилов, Александар Ристовски-Принц, Филип Неделковски и Венко Серафимов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука