Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 21. степени

Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Продолжува периодот на релативно топло време. Утре ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд кои понекаде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а ќе завршуваат во ноќта. Во четврток ќе биде претежно сончево со мала облачност и со повремено засилен југозападен ветер, а потоа во петок и сабота променливо облачно ветровито и со услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука