Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изречени 183 санкции за непрописно престигнување, од нив 31 на територијата на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 23-ти октомври 2023 година, во периодот од 14:00 до 19:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

– При тоа се санкционирани 183 возачи од кои 62 на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово… За време на контролата санкционирани се и 271 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука