Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода во Велгошти, повреден возач на мопед кој излетал од коловозот

Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти октомври 2023 година, во 12:50 часот било пријавено дека во охридското село Велгошти, мопед „Томос“ без регистарски таблици, управуван од страна на 54-годишен охриѓанец, излетал надвор од коловозот.

– Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука