Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер ќе биде отворена изложбата „Издигнување“ на Христијан Томаноски

Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата „Издигнување“ од авторот Христијан Томаноски.

Насловот „Издигнување“ е инспирација од стиховите од воведните песни на збирката на Шарл Бодлер „Цвеќињата на злото“. Низ неколку дела проткаени се и други стихови од повеќе автори, поврзувајќи и надополнувајќи ги делата со цел проширување на просторот на самите дела.

– Комбинирањето на повеќе стилови и техники во творењето на дигитални и традиционални скици, илустрации и дизајни во различни ми помогнаа да ја поставам основата за креирањето на визуелниот јазик на оваа изложба. Сега целта, е еден кохерентен јазик на комбинирање на едноставноста и експерименталноста на графиката изразена преку илустративен пристап, вели авторот Томаноски.

Тој е роден во Струга, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден е од основачите на здружението ИНКА. Работел на сценографијата на СВП и како дел од тимот за продукција на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука