Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 20. степени

Охрид, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.

Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.

– До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Денес попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука