Забава Избор

Duncan Laurence го претстави својот втор студиски албум наречен „Skyboy“

Охрид, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Талентираниот холандски музичар и победник на Евровизија – Duncan Laurence го претстави својот втор студиски албум наречен „Skyboy“.

Со новото издание, авторот се стреми да најде нов музички правец и инспирација, во што му помага и текстописецот Jordan Garfield.

По претходно објавените синглови „Rest In Peace“ и „Electric Life“, како и истоимениот „Skyboy“,Laurence на публиката и покажа голем уметнички раст и развој, а денес на слушателите официјално им подарува уште 8 свежи песни кои го сочинуваат новото издание.

Кариерата на талентираниот кантавтор тргна во нагорна линија по победата на изборот за песна на Евровизија во 2019 година со песната „ Arcade“.

По музичката пауза, тој се врати на сцената минатата година со синглот „WDIA (Would Do It Again)“ на кој му се придружи и ерменската музичарка Rosa Linn. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука