Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во акцијата „За посреќно детство“ собрани 43.000 денари, утре извлекување добитници на награди

Охрид, 27. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во годинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ беа собрани 43.000 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.

Заблагодарувајќи се на сите оние кои учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа акцијата, од охридскиот Црвен крст информираат дека утре во 18:00 часот ќе се одржи извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди.

– Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк. Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето, велат од организацијата.

Оние што ги имаат извлечените броеви на талонче, истото ќе треба да го приложат во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнат наградата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука