Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде бела прашкаста материја во два случаи во Охрид

Охрид, 29. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти октомври 2023 година, околу 02:00 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 21-годишно лице од Охрид и една година помлад битолчанец, затоа што при преглед кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

– По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Во друг случај, на 28-ми октомври 2023 година, во 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 21-годишно лице, а на службен разговор било повикано и уште едно, 42-годишно лице, двајцата од Република Грција.

– При преглед кај нив на булевар „Туристичка“ во Охрид, кај едно од лицата била пронајдена бела прашкаста материја, која се обидел да ја фрли. Против него бил поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука