октомври 31, 2023

Охрид, 31. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – По огромниот успех на сингловите „Rush“ и „Got Me Started“, поп-ѕвездата Troye Sivan го претставува долгоочекуваниот трет студиски албум наречен „Something To Give Every Other“, издание кое носи 10 нумери кои ја слават сексуалноста, танцот, заедницата, љубовта и пријателството.

Уметникот со австралиско потекло и се претстави на јавноста пред речиси една деценија со своето прво EP издание насловено „TRXYE“. Звукот и уникатниот уметнички израз на музичарот еволуираa со текот на годините, а резултатот е објавувањето на „Something to Give each Other“, што претставува триумфален нов почеток.

Tој претходно ја воодушеви публиката со песната „Rush“, која до денес има 215 милиони слушања на музичките сервиси на глобално ниво.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука