Забава Избор

SUPER Fresh music: Loreen – Is It Love

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Двократниот победник на престижниот избор за песна на Евровизија – Loreen го претстави долгоочекуваниот сингл „Is It Love“, песна која носи текст кој се занимава со двојноста во љубовните врски, додека нејзиниот впечатлив вокал доаѓа до израз во моќниот рефрен.

– Синглот е создаден во момент кога барав јасност, тоа е песна која опишува љубов која е многу длабока, но во исто време со себе носи и бројни нејаснотии, вели Loreen за новата песна.

Таа се стекна со светска слава со победничката песна „Euphoria“ во 2012 година, а нејзиниот настап сè уште се смета за еден од најнезаборавните во историјата на Евровизија. На почетокот на оваа година таа повторно ја воодушеви публиката ширум светот со извонредната изведба на песната „Tattoo“, со која влезе во историјата како прва музичарка која два пати победила на Евровизија.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука