Забава Избор

SUPER Fresh music: The Libertines – Run Run Run

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот британски рок бенд The Libertines официјално го најавува своето големо враќање на музичката сцена со заразната панк-рок песна „Run Run Run“, која е првиот сингл од претстојното четврто студиско издание „All Quiet On The Eastern Esplanade“.

– Најлошата опција за нашиот бенд би било да останеме заглавени во рутината, постојано обидувајќи се да го преживее минатото. Нашиот прв албум е создаден како резултат на паника и неверување дека всушност ни е дозволено да бидеме во студио, веќе на второто издание имаше тотална борба и очај, третиот беше „роден“ од големата сложеност на нашите односи, но четвртиот се создава сега, кога за прв пат сме вистински поврзани, рече Карл Барјат за новиот сингл и претстојното издание.

Членовите на бендот едногласно го прогласија новиот албум за најдобар во нивната кариера.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука