Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со услови за локален дожд и температура до 14. степени

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и посвежо време со услови за повремени врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20л/м2. Преодно стабилизирање на времето ќе има утре. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука