Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања во Охрид и Скопје

Скопје/Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 10-ти ноември, Државниот архив ќе биде домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена, кој ќе се одржи во Скопје и во Охрид.

Како што информираат од Државниот архив, темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“.

Посочуваат дека во рамки на оваа Конференција ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко. (Крај)

извоор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука