Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: До 07:00 часот утрово во Охрид наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, изминатите 24 часа, до 07:00 часот, во Охрид наврнаа 25 литри на метар квадратен воден талог.

– Најмногу дожд наврна во Дебар, 41 литар на метар квадратен, следуваат Маврови Анови со 34, Попова Шапка 31, Претор 26… Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, информираат од УХМР.

По преодното стабилизирање во текот на денов, од утре попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Се очекува врнежите позитивно да се одразат на водостојот на Охридското Езеро.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука