Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре крводарителска акција во СВР Охрид

Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утре во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.

Наменета е за вработените во секторот, а добредојдени се и сите граѓани кои се во можност да ја покажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот.

Акцијата под мотото „Дарувај крв, дарувај живот“ ќе се реализира во периодот од 10:00 до 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука