Избор Спорт

Македонската традиционална Таеквон-до федерација викендов учествува на два Меѓународни натпревари во Бугарија и Албанија

Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската традиционална Таеквондо федерација викендов ќе учествува на два меѓународни натпревари во Бугарија и Албанија.

Пред спортистите е учеството на престижниот ИТФ А класа натпревар „Бугарија Опен 2023“ во Пловдив со пет натпреварувачи од кои 4 од клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид и еден од „Сонкал“ од селото Мислешево кај Струга.

Поради повреда, Христијана Парулеска и натаму не се натпреварува, но е поканета од Бугарската ИТФ во улога на судија.

27 натпреварувачи од сите клубови викендов ќе учествуваат на „Корча Опен 2023“, на кој заминуваат и двајца наши судии, Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска, кои ќе ја делат правдата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука