Забава Избор

Netflix сними документарец од четири дела за вечното момче Robbie Williams

Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечното момче Robbie Williams пред околу една година го најави најновиот албум како дел од одбележувањето на 25 годишнината од неговата соло кариера.

Беше активен и како член на електронскиот проект Lufthaus, а сега подгответе се за документарецот од четири дела доаѓа на Netflix во кој Robbie отворено зборува за своето ментално здравје.

Најавата го опишува филмот како суров, искрен и реален, под режисерска палка на Џо Пералман.

– Би можел да напишам книга за чист самопрезир кога таа е главна околу мојата перцепција за сопственото тело. Страдам од телесна дисморфија и покрај тоа понекогаш имам и вишок 18 килограми, можете да замислите што гледа мојата психа, вели Robbie.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука