Забава Избор

SUPER Fresh music: Alicia Keys – Golden Child

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Alicia Keys и понатаму останува вистинско музичко чудо и глас на една генерација, израсната во хармонија со својата страст кон музиката и автентичните пораки кои ги испраќа.

Родена на 25-ти јануари 1981 година во Њујорк, Alicia Augello Cook или Alicia Keys влезе во светот на музиката со голема страст и талент. Со силни влијанија од Soul, R&B, и Jazz музиката, таа се издвои како уметничка и креативна сила во музичката индустрија.

Деби албумот „Songs in A Minor” во 2001 година стана светски хит и го сврте вниманието на светот кон младата музичка дива.

Песната „Golden Child“, продолжува да го докажува нејзиниот неоспорен музички талент и автентичност. Се движи околу идеите за самооткривање на сопствената вредност. Текстот директно допира до слушателите и ги тера да размислуваат за сопствените животни патишта и потраги. Alicia Keys не е само музичка легенда, туку и инспирација за многумина ширум светот.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука