Забава Избор

Гитаристот Владимир Василески- Четкар заминува на турнеја во САД

Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски гитарист Владимир Василески- Четкар, по концертите во Јужна Кореја, Македонија и Унгарија, заминува на турнеја во САД каде ќе одржи концерти во Њујорк, Кливленд, Чикаго, Колумбус, Сан Франциско и Детроит.

– Тој повторно ќе се претстави со авторска музика, а ќе биде придружуван од американски, јапонски и мексикански музичари, информираат од тимот на Четкар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука