Економија Забава Избор Охрид

15 години MakeUp By Kika

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Уметноста е спонтан предизвик во кој се создаваат неверојатни дела. Особено кога таа е изразена преку Вашата убавина ме прави да продолжам да го живеам сонот уште долго време, стои во пораката по повод 15 годишниот роденден на брендот MakeUp By Kika.

– Кога работата претставува задоволство се отвараат сите врати на успехот. Но кога довербата и поддршката од сите Вас е несебично подарена, тој успех брои полни 15 години постоење. И токму тие 15 години носат нови изненадувања. Првото изненадување е дека од мене ќе добиете подарок – online Makeup курс кој ќе биде достапен од јануари 2024 година за сите почетници и вљубеници на шминката кои сакаат да научат нешто повеќе околу оваа професија во која покрај едукацијата на техниките, ќе имате можност да добиете и поволности во козметичките услуги, потенцираат од MakeUp By Kika.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Iloski (@make_up_by_kika)

Додаваат дека зад нив се 15 години полни со предизвици, создавање и примена на трендови, и нови уметнички дела.

– За едно уметничко дело да стане ремек дело, потребна е Вашата спонтаност и различност, Вашата доверба и желба, Вашата верба и поддршка. И поради се’ ова, само за Вас, заборавив да го споменам и второто изненадување: „Се гледаме на нова локација – многу наскоро!“ За оваа среќа сте заслужни Вие, порача Кристина Илоски или „виновникот“ зад брендот MakeUp by Kika која испрати најголема благодарност до Бога, но и до нејзиниот сопруг Александар, нивните две златни дечиња и нејзиниот круг на луѓе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука