Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Внимателно кон Битола, снег на „Буково“ и „Ѓавато“ (Фото)

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Доколку морате да патувате кон Битола денеска, поради снег на коловозот, потребно е внимателно управување со возилата на премините „Буково“ и „Ѓавато“.

Читатели на OhridPress ни испратија фотографии направени околу 10:30 часот, на кои се гледа дека има снег на коловозот, и потребно е посебно внимание при возењето.

премин „Ѓавато“/10:30 часот/фото: OhridPress

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука