Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за охриѓанец поради фалсификување на уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со возила

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

– Тој, неовластено изработил уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, кое се обидел да го прикаже и употреби како вистинска исправа, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука