Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 9. степени

Охрид, 4. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– Утре преку денот ќе преовладува облачно време. Од вечерните часови од северозапад ќе започнат врнежи од дожд, на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места. Врнежите ќе престануваат во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено утре и во среда наутро, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука