Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Успех на екипните младински првенства во шах на Македонија за 2023 за охридските шахисти од клубот „Ласкер“

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид учествуваше на Екипните младински првенства во шах, кои на 25-ти и 26-ти ноември и 2-ри и 3-ти декември 2023 година се одржаа во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

– На првенствата охридските шахисти се натпреваруваа во категориите U10 во состав: Драган Анѓелески, Хамза Мехмед, Марко Томоски, Иван Пероски, Фатих Осман и Наум Анѓелески. U10 во состав: Павел Мишески, Јован Пуроски, Михаил Шапкароски и Мартин Серафимоски и U18 во состав: Константин Лушески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Елена Лушеска и Емилија Лушеска. Во категоријата U10 беа пријавени 9 екипи, се играше на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК „Ласкер“ Охрид го освои 4 место, информираат од ШК „Ласкер“.

Додаваат дека во категоријата U12 биле пријавени 9 екипи, кои играле на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК „Ласкер“ го освои 3 место.

– Во категоријата U18 беа пријавени 7 екипи, кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого. Според конечниот пласман, екипата на ШК „Ласкер“ Охрид го освои 3 место, информираат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука