Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (06:00h): Намалена видливост до 100 метри поради магла на планинскиот превој „Ѓавато“

Охрид, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 100 метри има на планинскиот превој „Ѓавато“.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука