Забава Избор

„Очи Вселена“, нов и одличен сингл на нашата Сара Мејс

Охрид, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава.

Песната „Очи Вселена“ ја докажа креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс која вели дека веќе има посебно место во нејзиното срце.

– Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце… Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи, вели таа.

Автор на музиката и текстот е Сара, а зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука