Избор Хроника

Билтен на СВР Охрид: Седум лица манифестирале знаци на труење со хлор по користење хотелски базен во Охрид

Охрид, 9. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми декември 2023 година, во 19:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

– Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени две лица од Охрид на возраст од 24 и 19 години, како и две лица од Скопје на возраст од 45 и 37 години. Во Општата болница во Струга биле пренесени 42-годишник и две малолетни лица, сите од Скопје. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука