Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Пештани, приведено едно лице поради рибокрадство

Охрид, 9. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми декември 2023 година, во 17:00 часот во СВР Охрид лишен е од слобода 40-годишен жител на охридското село Пештани.

– Тој претходно, во атарот на истото село, бил затекнат при вршење кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука