Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Уште една сообраќајна незгода во центарот на градот, повторно повреден велосипедист (Фото)

Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По онаа која денеска се случи на пешачкиот премин помеѓу Градскиот пазар и хотелот „Монтенегрин“, попладнево се случи уште една сообраќајна незгода во центарот на градот, во која повторно е повреден велосипедист.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата која се случи нешто по 15:30 часот на пешачкиот премин кај Поштата во центарот на градот, учествувале патничко моторно возило марка „Шкода“ со албански регистарски ознаки и велосипедист, кој се здобил со повреда на ногата.

Увид изврши екипа на СВР Охрид, а со возило на Итната медицинска помош, повредениот беше итно пренесен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Сообраќајна незгода се случи денеска и на Булевар „Туристичка“, на пешачкиот премин кај хотел „Монтенегрин“. Неофицијално, во незгодата која се случила нешто по 12:00 часот на страната од патот кај Градскиот пазар, учествувале патничко моторно возило марка Volkswagen со скопски регистерски таблички, кое удрило во велосипедист кој во моментот ја поминувал улицата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука