Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност и температура до 10. степени

Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините. Денес претпладне во западните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука