Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од февруари 2024 година нова сезона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица

Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со работилници и теренски активности од февруари 2024 година започнува новата сезаона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица.

Ова е одлуката по состанокот на надлежните од паркот и проект координаторот Даниел Богнер.

– Очекуваме зголемен број на волонтери, повеќе работа на терен и зголемување на постоечката база на податоци, велат од паркот и ги охрабруваат сите заинтересирани волонтери да се приклучат.

Проектот Граѓанска наука подразбира кога јавноста доброволно помага во спроведување на некое научно истражување, каде волонтерите односно граѓанските научници собираат податоци, анализираат резултати или решаваат некој проблем.

Започна да се спроведува кон средината на декември минатата година и во изминатиот период евидентирани се 7 од зададени 13 Натура 2000 видови. Семејството на Граѓанска наука броеше 50 волонтери, од кои најголем број планинари. Изработен е Прирачник за зададените 13 Натура 2000 видови, а се реализираа и 7 работилници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука