Охрид, 14. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти декември (петок) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид премиерно ќе биде прикажан новогодишниот цртан филм „Звуците на Новата година“ од „Светот на Биби“.
Во цртаниот филм ќе дознаете што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот. На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.
Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а режисери се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива