Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (06:41h): Укината забраната за тешки товарни возила преку „Стража“ и „Пресека“

Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Во 04:40 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинските превои „Стража“ и „Пресека“. На патниот правец крак Маврово-Дебар на сила е забрана за движење на тешки товарни возила.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука