Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 20. литри дожд на м2

Скопје/Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 20. литри дожд на м2.

– Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, најмногу дожд 28 литри на метар квадратен наврнаа во Маврови Анови, 27 во Крушево и Тетово, 24 во Дебар, 20 во Скопје (Зајчев Рид), Охрид, Попова Шапка, информираат од УХМР.

Во Охрид денес се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.

– Утре ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час). Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука