Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, приведени двајца дилери, пронајдена дрога и поголема сума на пари

Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти декември 2023 година, во 20:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода две лица од Охрид на возраст од 40 и 33 години.

– Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај едно од лицата биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај другото била пронајдена и одземена поголема сума на пари. Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

извор: МВР фото: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука