Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарен патнички автомобил „Опел Астра“ на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 16. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти декември 2023 година, во 22:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид настанал пожар во паркиран патнички автомобил „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, во сопственост на 43-годишен охриѓанец.

– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука