Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изречени 111 санкции за непрописно престигнување, од нив 19 на територија на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 18. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден спроведени се сообраќајни контроли, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, при што, на територијата на Република Македонија се изречени 111 санкции за непрописно престигнување.

– Од нив 40 биле на територијата на СВР Тетово, 21 на територија на СВР Битола, 19 на територија на СВР Охрид… За време на контролата санкционирани се и 222 други видови на прекршоци, информираат од МВР.

Додаваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука