Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Легенди за Св. Никола

Охрид, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Многу легенди настанале за личноста и делото на Св. Никола во касниот среден век.

Според една легенда во една гостилница дошле гладни ученици, но наместо да ги нагости, газдата ги убил и сакал да ги насоли. Се појавил Св. Никола кој ги оживеал и соодветно го казнил сторителот.

Според друга легенда еден брод западнал во бура на море. Морнарите се молеле на Никола за помош и тој го смирил, па затоа тој се смета и за заштитник на морнарите и патниците.

Еден осиромашен царски службеник кој живеел во близина на родителската куќа на Никола, сакал да ги омажи своите три ќерки, но немал пари за руба. Така ги испратил во јавна куќа, да би заработиле за сопствената руба. Кога дознал Св. Никола, вечерта низ нивниот прозорец им фрлил вреќичка со златници, со што ќерките достоинствено се омажиле… Никола е прикажан на иконите како стар бискуп со закривен бастун / стап и бискупска капа и три златни топки на книгата чија симболика е легендата со трите ќерки во јавната куќа и вреќичите злато. Оваа легенда е исто така поврзана со дарувањето. Св. Никола е всушност тој кој пред Нова Година доаѓал и им подарувал на децата (ако биле добри) по нешто слатко од вреќата. Традиционални дарови се јаболка, лешници и бадеми.

Доживеал длабока старост и умрел во 343 година. Бил погребан во Мира, а подоцна пред налетот на Исламот со многу свечености неговите мошти биле пренесени во Бари Италија во 1087 година, поради што и овој датум се смета за празник на Св. Никола. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука