Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени три лица од Албанија кои физички нападнале охриѓанец на булевар „Железничка“

Охрид, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти декември 2023 година, во СВР Охрид се лишени од слобода три лица од Република Албанија, на возраст од 25, 34 и 69 години.

– Тие се сомничат дека, заедно со уште едно лице, на 18-ти декември 2023 година, околу 23:00 часот, пред куќа лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички нападнале 31-годишно лице од Охрид кој го познавале од порано. Тој, притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Се работи на целосно расчистување на настанот по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука