Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за работници на „Синохидро“ од Кина и Охрид кои предизвикале оштетување на електрични кабли

Охрид, 20. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56-годишно лице од Народна Република Кина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против 62-годишно лице од Охрид, за кривично дело „несовесно работење во службата“.

– Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро“, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца. Со тоа, предизвикале материјална штета од околу 502.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука