Забава Избор

Quincy Jones ја објави новата книга „12 белешки – за животот и креативноста“

Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Објавена е новата книга на големиот Quincy Jones, „12 белешки – за животот и креативноста“.

Станува збор за еден од најомилените светски музичари, продуценти и ментори, кој го продуцираше најпродаваниот албум во историјата, „Thriller“ на Michael Jackson и работеше со бројни уметници, како Frank Sinatra и Ray Charles.

Неговата автобиографска приказна е одличен водич за само-развој кој потврдува дека креативноста е универзален повик на кој секој може и треба да одговори, без разлика на возраста или искуството. Црпејќи од сопствениот живот и од животот на многу креативни соработници од минатото и сегашноста, овој мултиинструменталист, текстописец, композитор, аранжер и жива музичка легенда ги сумира мудрите лекции за страста за самоизразување во една трогателна исповед.

Добитникот на 28 Grammy награди зборува за тоа како да ги претворите тагата и болката во моќ, а исто така носи многу практични совети како да си поставите свои цели и да го тренирате вашиот ум со помош на секојдневни, позитивни афирмации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука