Забава Избор

Александар Митевски и Драган Спасов Дац предновогодишно „Воли ме Сакај ме“

Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Александар Митевски и Драган Спасов Дац го надополнуваат новогодишното расположение со новиот сингл „Воли ме Сакај ме“.

– „Од „Љубовниот пасош” излезе уште една песна. Оваа зборува за голема љубов на релација Скопје-Нови Сад. Работена е со екипа на врвни музичари и специјалната гостинка Билјана. порачаа Дац и Александар.

Музиката е на Митевски, а текстот го напишаа заедно со Огнен Неделковски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука