Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во кафе-бар Shilla вчера се одржа Предновогодишен книжевен базар

Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“, Охрид, вчера одржа Предновогодишен книжевен базар во кафе-бар Shilla.

– Базарот беше замислен како неформално дружење на автори и читатели. Чувме дела од присутните автори, како и извадоци од дела на автори надвор од Македонија. Базарот на книги изданија на „Креативна верига“, како и наслови од други издавачи можеа да се купат со попуст, а средствата ќе бидат наменети за следни активности на „Креативна верига“, информираат организаторите.

Учествувааа Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Јордан Коцевски, Гордана Балеска Трифуноска, Мерсиха Исмајлоска, Митко Колјушевски, Милчо Јованоски, Зоран Јакимоски, Марина Димоска, Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Смиле Наумоски Брсјак, Митре Мангоски Радождански, Блаже Петревски Ендемион, Григор Костески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука