Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Веселиот Coca-Cola Караван денеска и утре во Охрид

Охрид, 25. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре, Охрид ќе биде дел од Coca-Cola Караванот со кој се слави духот на љубезноста и дарежливоста оваа празнична сезона насловен „Дедо Мраз во сите нас“.

Речиси три децении, уште од првиот пат кога осамна на малите екрани со ТВ-реклама кон средината на 90-тите години, Coca-Cola Караванот стана моќна, видлива икона на празничната сезона низ целиот свет. Coca-Cola Караванот во нашата земја ќе се обиде да ги поттикне собирањето на пријателите и семејството и уживањето во празничната забава.

Coca-Cola Караванот носи бројни активности со цел гостите да уживаат додека го разгледуваат новиот Coca-Cola празничен камион за оваа 2023 година. Во Охрид ќе се одржи во понедeлник и вторник, на 25-ти и 26-ти декември 2023 година на плоштадот „Крушевска Република“, кај стариот Чинар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука