Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица поднесе иницијатива за ослободување од партиципација за престој и исхрана на децата во државните градинки во Охрид

Охрид, 25. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Партијата Левица поднесе иницијатива за ослободување од партиципација за престој и исхрана на децата во државните градинки на територијата на Општина Охрид.

– Со престојот на децата во градинките се создаваат предуслови за сите нивни подоцнежни услови во образованието и социјалната интеграција. Градинките немаат само згрижувачка улога, туку исто како и основното образование, имаат воспитно-образовна и спортско-рекреативна улога, преземајќи вклучително и културно-забавни активности, мерки за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата. Имајќи предвид дека основното образование согласно Уставот на Република Македонија е бесплатно, а ценејќи ја претходно наведената улога на градинките во развојот на децата, логичен след е и овој дел од образованието да биде бесплатен, потенцираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука