Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за охриѓанец во чиј дом полицијата пронајде марихуана

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

– При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид му овозможил да користи марихуана во неговиот дом, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука