Избор Партии

СДСМ: Трајниот влог во ЈП „Колекторски систем“ придонесува за одблокирање на Општина Охрид

Охрид, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Трајниот влог во Јавното претпријатие „Колекторски систем“ придонесува за одблокирање на Општина Охрид, стои во соопштението испратено до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид.

– Имено, со Законот за претворање на побарувањата по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во Јавното претпријатие Колекторски систем во вредност од 281.314.174,00 денари ќе бидат одблокирани и Општините Охрид и Струга кои беа како гаранти на овој преземен долг од страна на МЈП Проаква, а по основ на неисплатени средства од нивна страна кон странски кредитор. Владата предводена од СДСМ преку Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано вложува во колекторскиот систем. После формирањето на претпријатието, колекторот кој беше 40 години воопшто неодржуван, е донесен во функционален систем кој на најмалку два пати во невремиња го спаси градот од поплави. Во 2020 година инвестирани се 254.000.000,00 денари, а годинава со 47.000.000,00 денари продолжува санацијата на колекторскиот систем. Меѓу останатите бројни активности, менаџментот на јавното претпријатие работи и на решавање на деценискиот проблем во Грашница. Добиен е исто така и грант од 960.000,00 евра од шпанската влада со кои се изработуваат проекти за пречистителни станици во Љубаништа, Радожда и нова пречистителна станица во Подмоље исклучиво за охридскиот дел, проект за собирање на секундарна канализација од с.Елшани и нејзино спроведување во колекторскиот систем, стои во дописот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука